Offline профил
Offline профилот Ви овозможува да го користите уредот
без да се поврзете на безжична мобилна мрежа. Кога
offline профилот е активен, можете да го користите
Вашиот уред без SIM картичка.
© 2009 Nokia. Сите права се задржани.
34
Активирајте го offline профилот
Кратко притиснете го копчето за вклучување и одберете
Offline
.
Кога ќе го активирате offline профилот, конекцијата со
мобилната мрежа е исклучена. Сите радио фреквентни
сигнали до и од уредот со мобилната мрежа се
оневозможени. Ако се обидете да пратите пораки
користејќи мобилна мрежа, тие ќе одат во папката за
Испратени пораки и ќе бидат пратени подоцна.
Важно: Во Офлајн профилот не можете да остварувате
или примате какви било повици, или да користите други
карактеристики за кои е потребно мобилно мрежно
покривање. Сеуште се можни повици кон официјалниот
итен број програмиран во Вашиот уред. За да остварувате
повици, првин ќе морате да ја активирате функцијата на
телефонот со промена на профилот. Ако уредот е
заклучен, внесете го кодот за заклучување.
Кога го имате активирано offline профилот, сèуште
можете да ја користите безжичната LAN, на пример, да ги
читате Вашите e-mail пораки или да пребарувате на
интернет. Исто така можете да користите Bluetooth
конективност додека сте во offline профилот. Запамeтете
да ги почитувате сите применливи безбедносни барања
кога воспоставувате и користите безжична LAN или
Bluetooth конекција.