
Вметнете ја SIM картичката и батеријата
Внимателно следете ги упатствата, за да избегнете
оштетување на задниот поклопец.
Секогаш исклучете го уредот и отстранете го полначот
пред да ја отстраните батеријата.
1 Отстранете го задниот поклопец со подигање од
долниот крај на уредот.
2 Ако батеријата е вметната, подигнете ја батеријата во
насоката на стрелката за да ја отстраните.
3 Извлечете го држачот на SIM картичката и вметнете
ја SIM картичката. Осигурете се дека златно-обоените
области за контакт на картичката се свртени надолу
и дека засечениот агол на картичката е свртен кон
засечениот агол на држачот. Притиснете го назад
држачот на SIM картичката.
4 Порамнете ги контактите на батеријата со
соодветните конектори на одделот на батеријата и
вметнете ја батеријата во насоката на стрелката.
5 За да го замените задниот поклопец, насочете го
горниот дел за заклучување кон неговото место, и
© 2009 Nokia. Сите права се задржани.
16

притиснете се додека поклопецот не се заклучи на
своето место.