Наполнете ја батеријата
Вашата батерија е делумно наполнет во фабриката. Нема
потреба да ја го полните уредот однапред. Ако уредот
покажува дека има малку енергија, направете го
следново:
Регуларно снимање
1 Поврзете го полначот со ѕидниот штекер.
2 Поврзете го полначот со уредот. Светлото на
индикаторот за полнење до USB конекторот свети
кога батеријата се полни.
3 Кога уредот покажува дека е целосно наполнет,
откачете го полначот од уредот, а потоа од ѕидниот
штекер.
Нема потреба да ја полните батеријата определен период
на време, и можете да го користите уредот додека се
полни. Ако батеријата е целосно испразнета, може да
потрае неколку минути пред индикаторот за полнење да
се појави на екранот или пред да можат да се направат
било какви повици.
Совет: Откачете го полначот од ѕидниот штекер кога не
полначот не е во употреба. Полначот кој е поврзан со
штекерот троши енергија дури и кога не е поврзан со
уредот.
© 2009 Nokia. Сите права се задржани.
19
USB полнење
Можете да го користите USB полнењето кога не е достапен
некој ѕиден штекер. Со USB полнењето, можете исто така
да префрлувате податоци додека го полните уредот.
1 Поврзете компатибилен USB уред во Вашиот полнач
користејќи компатибилен USB кабел.
Во зависност од типот на уредот што се користи за
полнење, може малку да потрае додека полнењето
да започне.
2 Ако Вашиот уредот е вклучен, можете да одберете од
достапните опции на USB режимот на екранот на
уредот.
Забелешка: За време на продолжени операции или
полнење, уредот или полначот може да се загреат. Во
повеќето случаи, оваа состојба е нормална. Доколку се
сомневате дека уредот или полначот не работат
правилно, однесете го до најблискиот овластен сервис.