Nokia N97 - За WLAN

background image

За WLAN

За да користите безжичнa LAN (WLAN) конекција, таа мора

да е достапна во Вашата локација и Вашиот уред мора да

е поврзан со WLAN мрежата. Некои WLAN мрежи се

заштитени и потребен Ви е клуч за пристап од

обезбедувачот на услуги за да се поврзете со нив.
Во некои земји може да биде ограничено користењето

на WLAN. На пример, во Франција е дозволено користење

на WLAN само во затворени простории. За повеќе

информации контактирајте ги Вашите надлежни органи.
Услугите како што се WLAN, или кои може да се активни

во позадина додека користите други услуги, ја

зголемуваат побарувачката на енергија од батеријата и

го намалуваат животниот век на батеријата.
Важно: Секогаш вклучете еден од достапните методи на

шифрирање за да ја зголемите безбедноста на Вашата

безжична LAN конекција. Користењето на шифрирање го

намалува ризикот од неовластен пристап до Вашите

податоци.