Nokia N97 - Одговарање или одбивање на повик

background image

Одговарање или одбивање на повик

За да одговорите на некој повик, притиснете го копчето

за повикување.

За да одговорите на повикот кога екранот на допир е

заклучен, протријте од

Swipe to answer

од лево на десно.

За да го отклучите екранот на допир без да одговорите на

повик, протријте преку

Swipe to unlock

од десно на лево

и потоа одговорете или одбијте го повикот или испратете

текстуална порака за одбиен повик. Тонот на ѕвонење

автоматски се стивнува.

Доколку не сакате да одговорите на повик, за да го

одбиете повикот, притиснете го копчето за завршување.

Доколку услугата пренасочување на повик (мрежна

услуга) е активирана, одбивањето на дојдовен повик исто

така го пренасочува повикот.

За да го исклучите тонот на ѕвонење за некој дојдовен

повик, одберете

Silence

.

За да испратите текстуална порака за одбивање на повик

без да всушност го одбиете повикот, за да го информирате

повикувачот дека не можете да одговорите на повикот,

одберете

Silence

и

Send msg.

, изменете го текстот на

пораката и притиснете го копчето за повикување.

За да ја активирате услугата за текстуална порака за

одбивање на повик и за да напишете стандардна порака,

одберете

Menu

>

Settings

и

Calling

>

Call

>

Reject call

with message

, и

Message text

.