Nokia N97 - Кодови за пристап

background image

Кодови за пристап

Ако заборавите некој од кодовите за пристап,

контактирајте го Вашиот обезбедувач на услуги.

Личен број за идентификација (Personal identification

number) - PIN код — Овој код ја штити Вашата SIM

картичка од неовластен аупотреба. PIN кодот (4 - 8 цифри)

обично го добивате со SIM картичката. Ако трипати по ред

се внесе погрешен PIN код, кодот се блокира, и потребен

е PUK кодот за негово деблокирање.

UPIN код — Овој код може да го добиете со USIM

картичката. USIM картичката е надградена верзија на SIM

картичката и е поддржана кај 3G мобилни телефони.

PIN2 код — Овој код (4 - 8 цифри) се добива со некои SIM

картички и е потребен за пристап до некои функции од

Вашиот уред.

Код за заклучување (исто така познат како безбедносен

код) — Кодот за заклучување Ви помага да го заштитите

уредот од неовластено користење. Претходно

наместениот код е 12345. Можете да го креирате или да

го промените кодот, и можете да го прилагодите уредот

да бара код. Новиот код чувајте го во тајност и на

безбедно место подалеку од Вашиот уред. Ако го

заборавите кодот и Вашиот уред е заклучен, уредот ќе

побара услуга. Можно е да се применат дополнителни

наплаќања, и сите лични податоци во Вашиот уред можат

да бидат избришани. За повеќе информации

контактирајте со некој Nokia Care центар или со

продавачот на Вашиот уред.

Личен код за одблокирање (Personal unblocking key - PUK)

код и PUK2 код — Овие кодови (8 цифри) се бараат за да

се промени блокиран PIN код или PIN2 код, соодветно. Ако

кодовите не ги добиете со SIM картичката, контактирајте

го операторот чија SIM картичка е во Вашиот уред.

© 2009 Nokia. Сите права се задржани.

11

background image

UPUK код — Овој код (8 цифри) е потребен за менување

на блокиран UPIN код. Ако кодот не го добиете со USIM

картичката, контактирајте го операторот чија USIM

картичка е во Вашиот уред.

Меѓународен идентификацијски број за мобила опрема

(IMEI) — Овој број (15 или 17 цифри) се користи за

идентификација на важечките уреди во GSM мрежата.

Уредите коишто на пример се украдени, можат да бидат

блокирани за достап до мрежата. IMEI бројот за Вашиот

уред може да биде најден под батеријата.